Мора да бидеме внимателни, а не импулсивни при носењето на одлуките – вели Муцунски за прашањето за признавање на Палестина

t

Мора да бидеме дисциплинирани и внимателни, а не импулсивни при носењето одлуки во делот на надворешната политика – порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во однос на прашањето за ставот на земјава за признавање на Палестина.

Во изјавата за ТВ Сител од Њујорк, каде што учествува на 80. Генерално собрание на Обединетите нации, Муцунски рече дека за ова прашање земјава се консултира со стратегиските партнери – САД и Европската Унија, но вели дека консултациите ќе продолжат бидејќи во моментов не постои консензус ниту помеѓу самите земји членки на ЕУ.

„Внимателно ја следиме состојбата. Без никаков сомнеж сме длабоко загрижени од состојбите што се случуваат од гледна точка на меѓународно хуманитарно право во Газа и нема никакви дилеми по однос на нашите позиции за тоа прашање. Сите гледаме што се случува и тоа е несоодветно за 21 век, но тоа не значи дека треба импулсивно и емотивно да реагираме за вакви прашања во делот на позиционирањето на нашата надворешна политика“, изјави Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија повтори дека консултациите со стратегиските партнери ќе продолжат и кога ќе дојде време ќе биде донесена конечна одлука за признавање или непризнавање на Палестина.

„Но, во момент кога ниту самите земји членки немаат изградено консензус, не е време ние да истапуваме со каква било одлука“, додаде министерот.

Во Њујорк се одржува 80. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) на кое во главен фокус е тековниот конфликт меѓу Израел и Газа и потенцијалното признавање на Палестина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…

Народната банка на Србија (НБС) излезе со…

ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…

ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…

Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…