Објавено на:

Мора да има за октопод во Влада – Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари

t

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информира дека работат на законот за студентски стандард и дека студенскиот оброк ќе остане 140 денари, но, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти

Прашана дали ќе има измена на моделот на студентскиот оброк и во кој правец се размислува, Јанвеска одговори потврдно.

– Да, се планира, во овој момент работиме на законот за студентски стандард. Според дописот што го имаме добиено од студентите, студенскиот оброк ќе остане 140 денари, но, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти, информираше Јаневска, за време на посетата на „Саемот за образование“ во организација на студентската иницијатива „Студентарија“.

Таа соопшти и дека реновирањето на студентскиот дом „Пелагонија“ ќе почне откако ќе бидат завршени двата дома што сега се разубавуваат.

– Реновирањето на домовите мора да оди постепено за да можеме да ги сместиме студентите кои сакаат да студираат во Скопје. Затоа, откако ќе бидат завршени двата што се започнати, ќе почне реновирањето и на „Пелагонија“, одговори таа на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…