Морничава тепачка во Торонто: Маж го тепа противникот со змија!
Човек (45) од Торонто е уапсен откако во текот на улична тепачка нападнал друг маж со питон.
Полицијата претходно добила пријава дека маж им се заканувал на минувачите со змија во близина на една крстосница малку пред полноќ.
Дошло до физичка пресметка и мажот го употреби питонот да ја нападне жртвата“, се наведува во соопштение од полицијата.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како мажот замавнува со змијата и со неа го удира другиот маж. Жртвата се обидува да се одбрани, но мажот продолжува да го тепа со змијата.
Набрзо потоа доаѓа полицијата и ја прекинува тепачката и ги тера мажите да легнат на земја. На видеото се гледа како питонот се обидува да побегне.
Мажот е обвинет за напад со оружје и злоставување на животното. Се појавил пред судот по пат на видеолинк и одреден му е притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напаѓачи пукаа врз американскиот конзулат во…
Непознати напаѓачи вчераутро пукале врз американскиот конзулат…
Чаши и флаши летале во велешки кафе-бар,…
Групна тепачка се случила вчеравечер во кафе-бар…
Инцидент во Шуто Оризари: Физички нападнал сограѓанин,…
Полицијата синоќа уапси 32-годишен жител на Скопје,…
Вработен во маркет си го натепал колегата
На 16.05.2026 во 19:00 часот, Ѓ.К.(24) од…
Жителите паничат: Змија во скопски Аеродром во…
Граѓанин фотографирал змија, која тврди дека била…