Москва бара државите членки на НАТО да го слушаат народот и да не испраќаат оружје во Украина
Русија го повикува раководството на земјите од НАТО да престане да испраќа оружје во Киев и да размисли за работите што се случуваат во нивните земји, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Сосема е нормално што луѓето на Запад се повеќе се загрижени за тоа каде исчезнуваат милијардите долари што властите на нивните земји ги испратија во Киев, а кои би можеле да се искористат за подобрување на животот на нивните граѓани. „Русија уште еднаш ги повикува лидерите на земјите од НАТО, наместо непромислено и неодговорно да пумпаат оружје против неонацистичкиот режим на Владимир Зеленски, да се занимаваат со работите во нивните земји и да го слушаат гласот на нивната јавност“, рече Захарова.
Таа потсети дека еден од кандидатите за претседател на САД, Роберт Кенеди Јуниор, изјавил дека испораките на авиони Ф-16 за Киев ќе се покажат како катастрофа за Украина. Неодамна, членката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Марџори Тејлор, повика да престане спонзорирањето на Киев, посочувајќи дека санкциите пропаднале затоа што Русија станува се побогата, а САД се посиромашни, изјави Захарова, пренесува Спутник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…