Москва го обвинува Западот за поткопување на меѓународниот правен поредок
Запад работат на поткопување на меѓународниот правен систем и дестабилизација на воено-политичката ситуација во близина на границите на Заедницата на независни држави (ЗНД), соопшти денеска Прес-службата на Надворешната разузнавачка служба на Русија (СВР).
Како што се наведува, ваквата оценка е изнесена по 22. заседание на состанокот на раководителите на органите за безбедност и разузнавачките служби на државите од ЗНД.
„Делувањето на одделни земји од колективниот Запад насочено кон зачувување на глобалната доминација води кон поткопување на меѓународниот правен систем и значителна дестабилизација на воено-политичката ситуација на границите на ЗНД“, се посочува во соопштението на СВР.
Од руската разузнавачка служба наведоа дека учесниците на состанокот разговарале за прашањата за безбедноста во услови на влошување на меѓународната ситуација и сè поголемиот број предизвици со кои се соочуваат државите членки на ЗНД.
Претставниците на специјалните служби на земјите од Заедницата, според СВР, се договориле да ја прошират соработката и да ги координираат дејствијата како одговор на „деструктивните намери“ на непријателските држави, потврдувајќи го курсот кон понатамошно зајакнување на соработката меѓу разузнавачките и специјалните служби на ЗНД.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави ден претходно дека конечен договор за завршување на конфликтот можат да постигнат пред сè Русија и Украина, додека другите земји можат да помогнат во тој процес, додавајќи дека и понатаму постојат шанси за решавање на украинскиот конфликт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама објави слика од средба со Филипче…
Албанскиот премиер Еди Рама на „Фејсбук“ објави…
Феноменот сега станал „Мега Ел Нињо“: Пацификот…
Американскиот метеоролог Рајан Мау објави мапа на…
Зеленски предупреди: Русија подготвува нови напади врз…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руските…
Снег ја белее Попова Шапка, температурите под…
Снег вечерва врне на Попова Шапка, на…
(Видео) Либија: Украина ни објави војна
Претседателскиот совет на Либија ја прогласи Украина…