Објавено на:

Москва: Некои држави ќе вложат „титански напори“ да ја опструираат средбата меѓу Трамп и Путин

t

Некои држави ќе вложат „титански напори“ да ја опструираат средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин на 15 август, изјави денеска специјалниот пратеник на рускиот претседател за економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев.

Трамп претходно изјави дека Русија и Украина се блиску до потпишување мировен договор што би можел да го заврши три и полгодишниот конфликт. Деталите од договорот сè уште не се објавени, но тие би можеле да вклучуваат отстапување на значителни територии од страна на Украина – услов со кој многу европски земји не се согласуваат.

Дмитриев додаде дека некои земји имаат за цел да продолжи војната, но не кажа за кои земји станува збор.

„Нема сомнение дека неколку земји кои имаат интерес од продолжување на конфликтот ќе вложат титански напори за да ја опструираат планираната средба меѓу претседателот Путин и претседателот Трамп“, напиша тој во објава на Телеграм, прецизирајќи дека под напори мисли на „провокации и дезинформации“.

Дмитриев не прецизираше за кои држави зборува, ниту какви би можеле да бидат „провокациите“.

Кремљ претходно ја потврди средбата. Двајцата лидери „ќе се фокусираат на дискусија за опции за постигнување долгорочно мирно решение на украинската криза“, рече помошникот на Путин, Јуриј Ушаков.

– Ова очигледно ќе биде тежок процес, но ние ќе се вклучиме во него активно и енергично, додаде Ушаков

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…

Венко Филипче кој има главна улога во…

Иран напаѓа американски бази во четири земји…

Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…

Америка ќе распоредува ракети во Јапонија —…

Русија денеска ги осуди претстојните заеднички воени…

Два американски воени авиони слетаа на аеродромот…

Два големи американски воени авиони биле забележани…

Сеул тврди: Постојат знаци на дијалог меѓу…

Самит меѓу САД и Северна Кореја би…