Москва: Одлуката на Франција е многу опасна и нема да помине без последици
Одлуката на Франција да испрати ракети со долг дострел во Украина е погрешна и полна со последици за украинската страна, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Тој додаде дека останува да се види за каков опсег станува збор, пренесува РИА Новости.
„Од наша гледна точка, ова е погрешна одлука, полна со последици за украинската страна, бидејќи таа, се разбира, ќе не принуди да преземеме контрамерки“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Песков рече дека одлуката на Париз нема да влијае на текот на „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува војната во Украина.
„Уште еднаш го повторуваме принципиелниот пристап кон ваквите одлуки: овие одлуки не можат да влијаат на текот на настаните во рамките на специјалната воена операција. Тие можат само да ја отежнат судбината на режимот во Киев“, додаде Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марин Ле Пен профитира од хаосот на…
Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…