Објавено на:

Москва: Путин ќе учествува на виртуелната средба на Г20

t

На виртуелната средба на Групата 20 во среда (22.11) ќе учествува и рускиот претседател Владимир Путин. Според соопштението на руската влада, Путин ќе зборува за „многу нестабилната состојба во светот“. Руската телевизија информираше дека е ова првпат по „долго време“ на една средба заедно да учествуваат и Путин и западни државници.

По инвазијата на Украина, западните држави инсистираат на исклучување на Путин од меѓународни средби на врвот. Меѓународниот кривичен суд, освен тоа, издаде и налог за апсење на Путин поради сомневања за киднапирање деца од Украина.

Домаќинот на самитот на дваесетте најразвиени индустриски земји и држави во забрзан подем, кој треба да се одржи со физичко присуство наредната година, бразилскиот претседател Лула да Силва, не одговори директно на прашањето дали доколку рускиот претседател опатува во Бразил за средбата на Г20 ќе биде уапсен.На последната средба на Г20 Русија ја претставуваше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНАМ И ДПМНЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД СЕДНИЦАТА! Успешен…

*Успешен третиот обид на Левица за надзорна…

Скопјанец со возило сакал да ја прегази…

Уште еден случај на семејно насилство во…

Први ефекти од војната меѓу Израел и…

Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…