Москва: Со сите сили ќе одговориме на евентуален напад на Белорусија
Русија ќе го смета нападот од трета страна врз Минск како напад врз Москва и соодветно ќе одговори, изјави рускиот амбасадор во Белорусија Борис Гризлов.
„Претседателот на Русија Владимир Владимирович Путин јасно кажа дека во рамките на Федералната држава, во случај на напад на територијата на Белорусија, ќе го сметаме за напад врз Русија. Воената доктрина на Руската Федерација во тој случај подразбира одговор со сето наше расположливо оружје“, рече Гризлов.
На 21 јули Путин предупреди дека Русија ќе одговори со сите расположливи средства во случај на агресија на Западот врз Белорусија. Според него, нападот врз Белорусија ќе се смета за напад врз Русија и Москва ќе „одговори со сите расположливи средства“ на таквите акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Атентат во Москва врз поранешниот портпарол на…
Поранешниот портпарол на некогашниот украински премиер е…
Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…
Москва под удар на 630 украински дронови…
Москва во ноќта меѓу средата и четвртокот…
Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…
Белорусија ослободува политички затвореници во замена за…
Белорусија започна нова рунда помилувања на политичките…