Објавено на:

Москва: Украина користи забранети хемиски агенси на фронтот

t

Западот тајно ја снабдува Украина со забранети агенси за хемиска војна, тврди рускиот заменик-министер за индустрија и трговија, Кирил Лисогоски во изјава за руските медиуми.

Тој го критикуваше и фактот дека лани во ноември, Русија беше сменета во Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) од страна на Украина, Полска и Литванија, откако не доби доволно гласови за да го задржи своето место.

„Резултатите од истрагата покауваат дека западните нации кои тврдат дека сакаат да почнат дијалог за стратшка стабилност со нас се во суштина земји кои развиваат и снабдуваат со агенси за хемиска војна забранети според конвенцијата за хемиско оружје,“ изјави Лисогоски за ТАСС.

Руската Федерална слуба за безбедност (ФСБ) минатата недела тврдеше дека осуетила обид на украинските специјални служби да извршат терористички напад во регионот на Запорожје користејќи аналог на хемискиот агенс БЗ- познат и како 3-Quinuclidinyl Benzilate – (според класификацијата на НАТО).

Забранет со Конвенцијата за хемиско оружје, агенсот Б3 предизвикува халуцинации, делириум, слепило и неспособност за извршување основни задачи.

Претходно во февруари, рускиот генерал-полковникот Игор Кирилов, шефот на силите за заштита од нуклеарно, хемиско и биолошко оружје, ги обвини украинските сили за користење забранети хемиски агенси на фронтот и тврдеше дека Кив ја има поддршката на САД за ваквите активности, со што и двете земји ја прекришиле повелбата на OPCW.

Кирилов цитирал неколку случаи од минатата година, вклучувајќи и еден во кој украинските трупи користеле гасни гранати од американско производство кои го содреле соединението ЦС, класифицирано како алатка за контрола на толпа кое ги иритира оите и горниот дишен тракт и мое да предизвика изгореници на кожата, респираторна парализа и срцев удар кога се користи во повисоки концентрации.

Во поддршка на своето тврдење, Кирилов посочил на нарачка за стотици илјади единици противотов, гас маски и друга опрема за лична заштита што Киев наводно ѝ ја доставил на ЕУ.

Според него, OPCW не одговорила на доказниот материјал обезбеден од Москва, што го наведува на заклучокот дека меѓународното тело е под контрола на САД, кои го користат како алатка за таргетиање на своите политички претставници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…