„Московското метро вода да ѝ носи“: Конче има постојка од 470.000 денари, а ќе речеш само метал…

t

Општина Конче очигледно има намера да се натпреварува со најголемите светски метрополи, но не со инфракстуктура, дигитализација, гасификација, инвестиции, фабрики, облакодери и слично, туку со рекордни суми за автобуски постојки.

Да, Општина Конче дала 470.844,90 ден за автобуска постојка. Договорот е склучен во април годинава, помеѓу Општина Конче и Друштво за производство,градежништво и трговија ТЕХНИКА ДООЕЛ Радовиш.

Договорот е потпишан од страна на градоначалникот на Конче, Златко Ристов.

Постојката поскапа од постојка во московското метро, па логично се очекува да биде некое уметничко дело, дигитализирана, климатизирана и што уште не, но не е баш така. Се работи за обична метална конструкција каде можат да седнат тројца до четворица луѓе…

Има се, може се… Вака се г(к)ради со народни пари…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Освен Богоев, приведени се и три други…

Ексградоначалникот на Општина Карпош и поранешен директор…

Кривична пријава за градоначалникот на Врапчиште: Исплатени…

Градоначалникот на Врапчиште Исен Шабани доби пријава…

Трагедија во Македонија: Убиен човек за време…

На 10.11.2025 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР…

Општина Конче за четири години потрошила речиси…

Општина Конче за четири години потрошила речиси…