Мојсковска: Левица со антикорупциска платформа ќе се бори против неказнивоста на функционерите

t

Денес, носителот на листа на ИЕ5 од Левица, Јована Мојсоска, ја презентираше предизборната програма меѓу жителите во Ресен. Левица, како партија на нова генерација политичари без криминален багаж, на овие избори настапува со своја антикорупциска Платформа, како единствен механизам против корупцијата која го разјадува македонското општество. Народот доволно беше сведок како политичките елити три децении се амнестираат, како што беше случајот со последните измени на Кривичниот Законик, каде беа амнестирани над 80 функционери од поранешната и актуелната власт! Антикорупциската платформа на Левица се темели на неколку клучни точки:

– Итно носење на Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции, од осамостојувањето до денес (1991–2024) – како lex specialis; – Незастарување на кривичните дела поврзани со т.н. економски криминалитет и корупција извршени од страна на јавните функционери;

– Трикратно зголемување на рокот на застареност во Кривичниот законик за делата сторени од носителите на јавни функции, поврзани со т.н. службенички криминалитет.

– Проширена конфискација (кривична или граѓанска) на нелегално стекнатиот имот на досегашните владејачки структури и олигарси – не само од нив лично, туку и од нивни блиски роднини, пријатели/партнери или трети лица.

– Разрешување на судија по сила на закон на кој му застареле три предмета во кариерата и поради кои Република Македонија ќе изгуби спор пред Судот во Стразбур со цел ставање крај на партизацијата на судството. На криминалното и анти-македонско владеење на СДС и ДУИ ќе им пресуди народот на 8 Мај, а потоа мора да има ригорозна одговорност за економскиот, социјален и национален пустош кој го оставија во нивното катастрофално владеење!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилично глупав потег е тоа што потрошив…

Илон Маск изјави дека се чувствува „прилично…

Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски…

Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност…

Почна вакцинацијата на овците и козите против…

Масовната вакцинација на овците и козите против…

Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…

Голема акција на МВР во Макстил!

Екипи на МВР по наредба за Основното…