Мојсоска: Агендата на Касами е тотално необалистичка

t

Агендата на Касами е тотално необалистичка, вели генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска.

„Општина Тетово, која е депонија на дивоградби, пратила инспекција за поставени бисти на партизаните од НОБ – Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Стојчевски-Амбарче! Под изговор дека се поставени незаконски и дека поттикнувале омраза?!

Иначе, Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Стојчевски-Амбарче (како борци на Третиот партизански одред) се убиени од балистите на 19 септември 1944 во гостиварското село Беличица. Во одбраната на Беличица животот го дале 19 партизани од Третиот партизански одред, биле заробени 4 партизани кои после два дена биле стрелани во Тетово, од кои еден го преживеал стрелањето. Балистите во селото Беличица убиле и 17 жени, деца и стари.

Повелете доказ дека агендата на Касами е тотално необалистичка и насочена кон рушење на антифашистичките темели на АСНОМ. Додека ДПМНЕ како нивен коалиционен партнер во Тетово молчи пред отворената негација на жртвите во антифашистичката борба.

И да, соживот со балисти ниту имало, ниту ќе има!”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…