Мојсоска: Македонија не е сиромашна држава, туку има многу џаболебари за хранење

t

Според пресметките на Левица во периодот од 2010 до 2024 година, само за патни трошоци, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ земале 3.700.000 евра, на СДСМ 2.000.000 евра и на ДУИ 680.000 евра.

„Во овие суми не се вметнати трошоците за кирии за пратениците, од кои грото имаат станови во Скопје, додека наплаќаат кирии од државата Утре, 120 пратеници имаат можност да ја напуштат ароганцијата и да гласаат за законот на Левица, која џентлменски предлага ограничување на патните трошоци (да не е укинување, за да не се ,’навредат’ останатите пратеници)“, вели Мојсоска.

Според неа, Македонија не е сиромашна држава, туку има „многу џаболебари за хранење“

„Кога ќе ви речат наредно дека нема пари државата за доктори; за покачување за плати за наставниците; за негувателки во градинките; за опремување на болниците; за лекови на лицата со ретки болести, имајте предвид дека над шест милиони евра се потрошени само за патни трошоци“, вели Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Љупчо Пренџов избран за заменик генерален секретар…

На вчерашната седница на Извршниот Комитет на…

Трамп бара дополнителни 350 милијарди долари за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Сенатот…

Денес се празнуваат Светите апостоли Стахиј, Амплиј,…

Од Седумдесеттемина. Свети Стахиј му беше помошник…

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди и со…

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…