Мојсоска: Македонија не е сиромашна држава, туку многу џаболебари има за хранење! Над 6 милиони евра потрошени за патни трошоци од 2010 до 2024 година!

t

Над 6 милиони евра потрошени за патни трошоци од 2010 до 2024 година, објави пратеничката Јована Мојсоска од Левица.

– Во периодот од 2010 до 2024 година, само за патни трошоци на пратениците отприлика биле потрошени:

– ДПМНЕ: 3.700.000 евра

– СДС: 2.000.000 евра

– ДУИ: 680.000 евра.

Во овие суми не се вметнати трошоците за кирии за пратениците, од кои грото имаат станови во Скопје – додека наплаќаат кирии од државата🤯

Кога ќе ви речат наредно дека нема пари државата за доктори; за покачување за плати за наставниците; за негувателки во градинките; за опремување на болниците; за лекови на лицата со ретки болести- имајте во предвид дека над 6 милиони евра се потрошени само за патни трошоци!

Во среда 120 пратеници имаат можност да ја напуштат ароганцијата и да гласаат за законот на Левица – која џентлменски предлага нивно ограничување (да не е укинување за да не се “навредат” останатите пратеници.)

П.С. Македонија не е сиромашна држава, туку многу џаболебари има за хранење! – стои во објавата на Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…