Мојсоска: Нема компромиси со оние кои беа на погрешната страна на историјата

t

Воопшто не сум изненадена што новокомпонираниот патриот Максим најавил вметнување на Бугарите во Уставот уште првите 200 дена влада. Што да се очекува од квинслинзи што беа во првите редови со Заев кога се бришеше АСНОМ и се менуваше уставното име под диктат на злосторнички пакт, вели генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска.

– Левица останува единствена партија која е за прекин на преговорите со Бугарија. Левица е единствена партија која е против вметнувањето на Бугарите во Уставот под било кои услови! Искуството покажува дека со секоја промена на Устав дел по дел се парчеше суверенитетот на Републиката. А, тоа што необалистите од ДУИ и Алијанса се најгласни за промена на Уставот, јасно треба да ви потврди во чии интереси е бугаризацијата на Уставот. Нема компромиси со оние кои беа на погрешната страна на историјата и оние кои ги победивме во Втората светска војна! Колку и да сакаат да ве излажат лажните пророци – тврди Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…

Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…

Суштината на движењето што го започнаа студентите…

Рама повторно повика на дијалог

Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…

Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…

Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…

Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…

Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…