Мојсоска: Не може заглавените во корупција да се борат против корупција

t

Нашата програма е позната, особено е битна нашата антикорупциска платформа која предвидува Закон за потекло на имот чија цел е да се исчешла богатството на сите функционери од почетокот на независноста. Ние предвидуваме и измена на Кривичниот заменик во таа смисла со која се предвидува незастарување на кривични дела на функционери. Исто така, инсистираме на ослободување на правосудството од стегите и да се воведат нови критериуми за избор на судии вклучително и уставни судии, вели Јована Мојсоска од Левица, носител на листа во ИЕ5, во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Двете големи партии се толку заглавени во криминал и корупција и не можат да ја разрешат корупцијата која е рак рана во Македонија. Левица има поднесено и во Собранието Резолуција на македонските интереси со цел да се постават цревени линии против уцени однатре и однадвор, но тогашниот спикер не го стави на дневен ред, вели Мојсоска.

За насилството во Собранието, Мојсоска вели дека тоа било нужно за заштира на волјата на гласачите кои ги избрале пратениците на Левица.

– Левица првпат учествуваше на претседателски избори, па за нас беше успех да собереме 10 илјади потписи оти и наши членови се плашеа да го сторат тоа. Поддржавме независен кандидат, проф. Ванковска, која има најблиски ставови до нашите, вели Мојсоска за претседателските избори.

Во однос на анкетите на кои Левица бележи стагнација и ги споредуваат со ЗНАМ, Мојсоска коментира дека ЗНАМ се луѓе кои биле дел од системот, а членовите на Левица никогаш не биле дел од системот. Таа вели дека немаат никаква допирна точка со ЗНАМ оти Димитриевски го поддржуваше Преспанскиот договор, за разлика од Левица.

– На 8 мај ние ќе го покажеме нашиот максимум. Сега ќе се видат нашите најсилни страни и очекуваме да ги дуплираме гласовите од претседателските избори на кои поддржавме независен кандидат, вели Мојсоска.

Таа вели дека барањата од ЕУ не се само за промена на Уставот, ние постојано добиваме критики од Брисел меѓу кои и за Бехтел и Енка.

– Дури и да го промениме Уставот ние ќе добиеме вето по други основи. Не може да влеземе во ЕУ со ваква корупција. Ние не можеме сите уцени да ги прифаќаме и не добиваме ништо со прифаќањето туку само тонеме. Не можеме да се ставиме во заложништво на најслабата членка на ЕУ, вели Мојсоска.

Мојсоска во однос на идна влада вели дека нема да бидат дел од влада која сака да спроведе уставни измени, затоа што Бугарија 70 години ја нема променето својата позиција кон Македонија а тоа е негаторска позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…

СИРИЗА: Го осудуваме новото „провокативно“ прекршување на…

Грчката опозициска партија СИРИЗА, на чие чело…

Столтенберг за нападот врз Фицо: Напад врз…

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг…

Во центарот на српските вооружени сили во…

Во центарот на српските вооружени сили за…

(Видео) Фицо уште во април зборуваше за…

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан…