Мојсоска пак го пошљака шпицниот: Со лидерска Мицкоски го аминуваше фалс пописот сега ќе ги аминува Бугарите во Уставот!
Мицкоски пред еден месец имаше “лидерска” средба со Ковачевски, токму за енергетската криза каде ги даде неговите фамозни контакти.
Во најмала рака, доблесно е да не ја манипулира јавноста дека утрешната средба повторно е за кризата – иако еден месец подоцна нема никаков исход ниту од претходната средба.
Зошто Мицкоски се откажа од Македонците во Бугарија и веќе не говори за реципроцитет при промена на Уставот? Какви гаранции бара од ЕУ (од истата ЕУ која неуспешен референдум го прогласи за успешен)?
И Пендаровски првично бараше гаранции од ЕУ пред гласањето на францускиот предлог – па потоа ретерираше. Под изговор дека такви гаранции би биле ПРЕСЕДАН во европските интеграции.
Од лидерски средби досега, единствено посведочивме кога Заев и Мицко се договорија за гласање на Законот за легализација на дивоградби.
А, да. И за аминување фалш попис, кога Мицко му даде на Заев продолжување на пописот за 5 дена (во кој беа попишани +400.000 жители).
Утре повторно парламентарната демократија ќе биде сведена на фарса – каде племенските лидери од сите страни ќе ги испорачаат своите партиски хирови.
А, Македонија ќе чека на подобри времиња. И лидери.
Фејсбук статус на Јована Мојсовска член на президиумот на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски…
Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност…
Почна вакцинацијата на овците и козите против…
Масовната вакцинација на овците и козите против…
Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…
Голема акција на МВР во Макстил!
Екипи на МВР по наредба за Основното…
Мајка си го продала бебето во Грција,…
Две жени во Грција се соочуваат со…