Мојсоска: Секретарката на Коњановски дрско ѝ рекла на жртва на семејно насилство „нема ние да те издржуваме“
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, продолжува со серијата прашања за градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Во продолжение објавата на Мојсоска:
Ден 4.
Да видиме како комуницира секретарката на градоначалникот Тони Коњановски со жртва на семејно насилство. После неколку молби за помош, секретарката ВИКТОРИЈА Христовска на средба со жртва на семејно насилство ѝ гарантира дека општината ќе ѝ обезбеди сместување 6+6 месеци, преку програма за жртви на семејно насилство.
Некое време после тоа, истата (непочитувана) секретарка во телефонски разговор со жртвата, на крајно ДРЗОК И АРОГАНТЕН ТОН ѝ вели дека жртвата може да си се врати кај фамилијата во Прилеп, затоа што тие НЕ МОЖЕЛЕ ДА ЈА ИЗДРЖУВААТ?!
Па, вие сте должни по закон да им обезбедите шелтри на овие жртви, а не само да се сликате по разно-разни скапи конференции со портокалови панделчиња и да млатите празна слама колку сте против семејното насилство!
СРАМ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…
(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме
Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…