Мојсоска: Со сопствените двојни аршини, контрадикции и ароганција, ЕУ сама ќе се уништи
Преспанското сценарио со кое се промени уставното име на Република Македонија очигледно се повторува од претставниците на членките на Европската унија, само овој пат по Бугарски терк. За внесувањето на Бугарите во Уставот, повика и Претседателката на Словенија Пирц Мусар која изјави:
„Да потенцирам, Словенија го помина тој процес и не ни беше лесно. И Словенија мораше да го промени Уставот на патот кон ЕУ и тогаш во мојата татковина се слушаше дека тоа не е добро за словенечкиот народ, дека го загубиме словенечкиот јазик.“
На нејзиниот повик, одговори Генералниот секретар на Политичката партија Левица – Јована Мојсоска, која за притисокот што го прават претставниците на земјите членки на ЕУ ги постави следните прашања:
А зошто оваа дипломатска офанзива на ЕУ не се пренасочи кон Бугарија која со едногласно усвоена Декларација го негира македонскиот јазик? Зошто нема дипломатски притисоци кога ветото Бугарија го користи единствено затоа што не ја признава македонската нација?
Во продолжение Мојсоска констатираше дека: „ЕУ со сопствените двојни аршини, контрадикции и ароганција сама ќе се уништи. Не треба друг да ја уништи.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…