Мојсоска: 21 година откако Струга беше предадена, ДПМНЕ ја отпиша Западна Македонија
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на социјалните мрежи кратко ја коментира изјавата на премиерот Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори нема да кандидира градоначалници од сопствените редови во западна Македонија.
– Премиерот Мицкоски вчера (22.07.2025), официјализира дека во Западна Македонија неговата партија НЕМА да настапи со кандидати за градоначалници.
Симболично, токму вчера се одбележа 21 година од струшката ноќ на ОТПОРОТ (22.07.2004) против територијалната поделба, кога тогашниот премиер Бучковски одвај спаси жива глава.
После 21 година, откако Струга беше предадена, Западна Македонија е ОТПИШАНА од партијата за “македонско национално единство”. Историјата за македонскиот народ се повторува само како трагедија. – вели Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…