МПЦ бара да нема говор на омраза и скандирања на протестот во четврток: „Нашата држава е најтолератна кон ЛГБТИ заедницата“
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија денеска преку прес-конференција уште еднаш повика на сенароден протест против Законите за родова еднаквост и за матична евиденција, кој треба да се оддржи во четврток на 29-ти јуни.
Како што изјави отецот Јаков Стобиски, овој собир не е насочен против никого, туку против содржината на предлог-законите.
-Ние објаснивме дека експлицитно изразуваме протест против новиот контекст на поимот род, односно дека се злоупотребува на уште поексплицитен начин во предлог-законот за матична евиденција. Предвидува промена на полот при изјава која што би се базирала на субјективни и индивидуални чувства на поединецот, кажа отецот.
Стобиски уште еднаш го повика народот за масовно присуство заради, како што вели, тоа што изразот на Црквата сосема погрешно се интерпретира во јавноста.
-Црквата е жив организам составен од конкретни луѓе – заедница која има вредносен систем. Сметаме дека овие закони ќе го загрозат нашето право на вероисповест заради тоа што ќе се редефенира целото општество и ќе се ограничи слободата на говор, со членот за родово-сензитивниот јазик. Би сакал да кажам дека како Црква се огрaдуваме од било каква злоупотреба во некакви свои цели. Не поддржуваме говор на омраза, ниту скандирања и повикуваме на мирни протести. Нашето присуство ќе значи дека не се согласуваме со вакви предлог-решенија, рече отец Јаков Стобиски на брифинг со новинарите.
-Во однос на правата на ЛГБТИ популацијата, нашата држава е една од најтолерантната кон таа заедница. Дали сте забележеале протести или попречување од Црквата? Видовме успешна парада, како што ретко има во соседството. Во однос на парадата, тоа се исти луѓе од невладини организации кои што се платени под плаштот на борба за човекови права. Тие паради се злоупотребуваат да се испратат пораки на омраза кон Црквата. Никој нема право да биде линчуван, да биде осудуван или осрамотуван заради свој став или начин на живот. Слободата е ннеприкосновено право и најголемиот дар кој што Бог му го дал на човекот – тоа е менталитетот на Црквата, додаде отецот како одговор на новинарско прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…