МПЦ-ОА повикува на мирен протест против Законите за матична евиденција и родова еднаквост

t

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, денеска повика на мирен протест по повод Предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост.

-Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со особена грижа ги разгледа предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост и изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа Соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат над 95% од населението. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие Закони за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.

 Негативните последиците од ваквите закони веќе ги согледуваат најстарите демократски општества во светот каде веќе се предмет на сериозна критика или отфрлање.

 Будно следејќи ги сите случувања и активни притисоци за носењето на овие Закони, длабоко сме загрижени и доведени до ситуација да мора да го заштитиме и одбраниме  семејството, а пред сѐ нашите деца.

 Повикуваме, во оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права, да ни се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации, и сите подржувачи заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзиното искоренување спомнат во член 23 т. 5 од предлог-законот, и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие Закони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и…

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно…

Велигденско послание на г.г. Стефан: Македонскиот народ,…

Велигденско послание од МПЦ-ОА, го пренесуваме во…

Денеска се празнува Лазарева сабота

Светиот Лазар, брат на Марта и Марија,…

Денеска се празнува Свети Григориј Двоеслов, папа…

Син на сенаторот Гордијан. И самиот потоа…

Денеска се празнува Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти…