МПЦ-ОА се спротивстави на кратење на неработните верски празници

t

Македонската православна црква – Охридска архиепископија се спротивставува на иницијативата на Стопанската комора за намалување на бројот на неработни верски празници, оценувајќи дека нивното значење не може да се сведува само на организацијата на работата и економската продуктивност.

Од МПЦ-ОА, во изјава дадена за „Слободен печат“, нагласуваат дека верските празници имаат многу подлабоко духовно, историско и културно значење за македонскиот народ.

„Празникот како свештено време определено за споменување важни настани или личности од црковната историја, а со тоа и можност за оттргнување од секојдневните грижи, за приближување кон Бога и кон ближните, несомнено претставува живо сведоштво за верата, за духовното и културното предание, како и за вековната поврзаност на нашиот народ со Црквата“, велат од МПЦ-ОА за „Слободен печат“.

Од Црквата додаваат дека ваквите празници не треба да се набљудуваат единствено од економски аспект.

„Нивното значење не може, а и не треба да се сведува единствено на прашање на работна организација и економска продуктивност“, порачуваат од МПЦ-ОА.

Реакцијата доаѓа по иницијативата на Стопанската комора за промени во календарот на неработни денови. Еден од предлозите е вработените сами да избираат два дополнителни верски празници како неработни, додека останатите од таа група би биле работни.

За православните верници тоа би се однесувало на Бадник, Водици, Велики Петок, петокот пред Духовден и Голема Богородица, од кои работникот би можел да избере два дена како неработни.

Од Стопанската комора иницијативата ја образложуваат со потребата од подобра организација на работата и поголема продуктивност, но предлогот наиде на противење и од синдикатите, како и од премиерот Христијан Мицкоски.

„Во принцип мислам дека стекнатите права на работниците треба да се почитуваат и тука немам никаква дилема“, изјави Мицкоски.

Со ставот на МПЦ-ОА, во јавната дебата дополнително се отвора и прашањето за духовното и културното значење на верските празници, надвор од нивниот ефект врз работниот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Уапсен е тетовец – нападна две деца…

Жител на тетовското село Требош (51) бил…

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…