Мртва трка во Тетово: ВМРО и СДСМ имаат изгубено по 700 гласови за 10 месеци, ДУИ – илјада

t

И додека едните слават, другит признаа пораз реалноста е дека на вчерашните вонредни избори за Советот во општина Тетово, најголемите политички партии во Македонија имаат изгубено огромен процент на гласови за само 10 месеци.

Во Советот на Општина Тетово, според првичните резултати, најмногу мандати има освоено БЕСА, вкупно 12 со освоени 9.620 гласа, по што следуваат ДУИ со 11 мандати и освоени 8.702 гласа, ВМРО-ДПМНЕ со четири мандати и освоени 3.332 гласа и СДСМ со два мандата и освоени 1.953 гласа. По еден мандат во Советот на Општина Тетово имаат освоено Алтернатива со 1.118 гласа и ДПА со 1058 гласа. На гласањето за Советот на Тетово излезноста била 35,31 отсто и имало 651 неважечко ливче.

Излезноста од 44 проценти на 17 октомври минатата година во Тетово за 10 месеци се намали на 35 проценти.

Ова упатува на огромно незадоволство од политиките на најголемите политички партии во Македонија. Единствена партија која забележаа пораст на гласовите во Тетово е Беса која го зголеми своето конто за околу илјда гласови.

ДУИ на претхоните локални избори освои 10.114 кои на вонредните се намалија за околу илјада гласови. ВМРО-ДПМНЕ на 17 октомври освои 4.062 сега 700 гласови помалку. СДСМ минатата година освои 2.672 за сега да освои околу 700 гласови помалку.

Трендот на се помал број на граѓани кои го остваруваат своето право на глас расте од изборен циклус во изборен циклус, причината е едноставна. Политичарите од премногу политика забораваат на должноста која ја имаат пред своите гласачи. Ветувањата се неостварени, македонскиот народ се поапатичен и поапатичен бидејќи реално никој не го слуша неговиот глас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…