Објавено на:

Мртва трка: Путин тестира нуклеарки, Пентагон хиперсонично оружје

t

Американската морнарица и армија истрелаа проектил од лансирна рампа во Вирџинија за да извршат околу десетина експерименти со хиперсонично оружје, соопшти Пентагон.

Британските медиуми пренесуваат дека Пентагон тестот го оцени за успешен и изјави дека неговата цел била да се помогне во развојот на новата класа оружје.

Ракетата беше лансирана од НАСА Центарот за лансирање ракети на островот Валопс, во Вирџинија.

Хиперсоничните оружја се лансираат од ракета во горните слоеви на атмосферата, а потоа на пат до целта достигнуваат брзина пет пати поголема од брзината на звукот, поточно околу 6.200 километри на час.

САД и нивните ривали ја забрзаа трката за развој на хиперсоничното оружје како нова генерација на оружје што на противниците им го намалува времето за реакција.

Во текот на вчерашниот ден руските медиуми објавија дека руската војска извршува тестови на нуклеарно оружје кои биле надгледувани од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон: Украина ќе ја добие помошта за…

Откако американскиот Конгрес го одобри пакетот воена…

Пентагон: Ситуацијата во Украина се менува во…

Ситуацијата на бојното поле во Украина се…

Пентагон објави извештај за НЛО: Дали има…

Пентагон објави извештај за неидентификувани летечки објекти…

Шефот на Пентагон повторно заврши во болница

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој…

Пентагон ги најави првите авиони Ф-16 за…

Западните земји планираат да ги пренесат ловците-бомбардери…