Муареми не поднел оставка туку му истекол мандатот?!

t

Иако Арафат Муареми тврди дека по своја сопствена волја и убедување се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, Инфомакс дознава дека денес е првиот ден откако му истече шест месечниот в.д мандат за директор на Управата за финансиска полиција.

Муареми прв пат беше назначен за в.д директор на финансиската позиција во 2017 година, а во 2018 година стана директор. На 15 фебруари годинава му истече четиригодишниот мандат, и владата повторно го назначи за в.д директор со мандат од шест месеци, со можност за негово продолжување од уште шест месеци. Оставката Муареми денеска ја поднесе по завршувањето на владината седница, на која продолжувањето на неговиот мандат не беше на дневен ред.

Сето ова упатува дека станува збор за уште еден обид на Муареми да го испере својот образ пред македонската јавност бидејќи Владата многу веројатно не би го продолжила неговиот мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…