Муареми ја охрабрува претседателката на ДКСК “да ја провери до крај” поднесената пријава против него

t

Откако Инфомакс во текот на вчерашниот ден екслкузивно откри дека Државната комисија за спречување на корупција отвори поспапка против директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, денеска од Управата се огласија по повод започнатата постапка во ДКСК.


Од Управата за финансиска полиција во изјава за „Локално“, велат дека директорот вчера дознал од изјавата на Ивановска дека за него е отоврен предмет и дека веќе има и други предмети.

-Директорот ja охрабрува и поддржува претседателката на ДКСК дека секоја поднесена пријава/иницијатива за него да ја провери до крај, велат од Управата за финансиска полиција.

Ивановска вчера соопшти дека станува збор за пријава, како и секоја друга.

-Има повеќе пријави стигнато за директорот на Управата за финансиска полиција и ДКСК постапува по тие пријави. Некоја од пријавите е поврзана со „Трансмет“. Тоа е всушност предмет кој што Државното правобранителство го има доставено и до ДКСК, истиот предмет. Директорот на Финансиската полиција бил истражител во предметот, во СЈО, во време кога со предметот работеле обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, кажа директорката на ДКСК.

Според неа, за директорот има и други предмети.

-Отворени сме кон медиумите и се трудиме да бидеме транспарентни. Не е коректно да откривам нешто кое што не сме го сработиле до крај, не сме докажале. Се кажуваме на јавна седница. Кога ќе бидат завршени, ќе ги соопштиме, рече Ивановска во емисијата „Топ тема“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: Нема ништо спорно околу набавката на…

Славјанка Петровска – актуелната министерка за одбрана,…

Еве што смеат, а што не функционерите…

Во пресрет на претседателските избори на 24…

ДКСК се „неписмени“, сметаат обвинителите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Заврши мандатот на ДКСК: Ниту една од…

Државната комисија за спречување на корупцијата за…

Пецаков доделил пари на клуб во којшто…

На повидок е нов скандал во општините…