Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

t

Сериозно работиме за надминување на проблемот со нашите европски интеграции, а уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија и кога ќе изнајдеме решение кое ќе го гарантира завршетокот на овој процесот, порача денеска министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Орхан Муртезани.

– И на македонски јазик имам изјавено дека никогаш не сум велел дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината. Кога ја формиравме Владата не го направивме тоа со една нога надвор, а со една внатре и не со уцени дека ќе ја напуштаме Владата, рече Муртезани во одговор на прашање на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Нагласи дека не држи ставот дека новата Влада го блокирала патот кон Европската Унија.

-Тоа е како вие да сте ги отвориле сите поглавја и сега ние сме тие што го саботираме овој процес што не е вистина. Има само разлика во пристапот кој ние го имаме од она што е направено досега. Ние не се служиме со ПР како вие, туку велиме дека ќе се обидеме да изнајдеме решение, рече Муртезани.

Дека новата Влада работи на изнаоѓање на решение, како што кажа, имаат потврдено сите европски и американски претставници кои ја посетиле земјава.

-Владата не работи само декларативно, туку работи сериозно за надминување на проблемот. Не е значајно колку месеци ќе трае тоа. Кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија тогаш уставните измени ќе дојдат пред вас во Собранието и ќе бидат само техничко прашање за да осигураме 80 пратеници, потенцира Муртезани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…