Муцунски-Бајрамов: Одличната политичка соработка помеѓу Македонија и Азарбеџан е силна основа за зајакнување на дипломатските и економските односи
Во рамките на првата официјална посета на Баку, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов. Двајцата министри изразија задоволство од средбата, која е потврда за одличните билатерални односи помеѓу двете земји.
Во фокусот на разговорите беа односите меѓу Република Македонија и Република Азербејџан на билатерално и мултилатерално ниво. Соговорниците изразија задоволство од динамиката на нивниот развој и ги нагласија можностите за продлабочување на соработката, со акцент на економијата, инвестициите, трговската размена, енергетиката и туризмот.
Министрите заеднички потврдија дека одличната политичка соработка помеѓу двете земји е силна основа за зајакнување на дипломатските и економските односи во наредниот период.
Како посебно значаен аспект на средбата, министрите Муцунски и Бајрамов потпишаа Договор за укинување на визниот режим за носители на дипломатски и службени патни исправи, со што се отвораат нови можности за олеснета комуникација и поблиска институционална соработка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…