Муцунски во Анкара се сретна со шефот на дипломатијата на Холандија, Том Берендсен
На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на Самитот на НАТО во Анкара каде денеска на маргините на Самитот на НАТО во Анкара, се сретна со Том Берендсен, министер за надворешни работи на Холандија.
На маргините на Самитот, министерот Муцунски утрово оствари средба со Том Берендсен, министер за надворешни работи на Холандија. На средбата се разговараше за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за партнерството во рамки на Алијансата.
Тимчо Муцунски е дел од државната делагација предводена претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на 36. Самит на НАТО во Анкара.
Главни теми на самитот, на кој се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата, се зајакнувањето на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети, реализацијата на одлуките донесени на минатогодишниот Самит во Хаг во однос на потребата за издвојување доволни средства за одбраната, споделувањето на товарот, поддршката за Украина, развојот на одбранбената индустрија, како и актуелните регионални безбедносни предизвици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик…
Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…
Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и…
Граѓани со часови се жалат за неподносливата…
Пожарот на косовската граница не се смирува,…
Големиот шумски пожар кој денеска избувна на…