Муцунски во Вашингтон се сретна со израелскиот колега Саар: Потврдена одличната соработка и борбата против тероризмот
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски во објава на Фејсбук информираше дека остварил работна средба со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар.
Средбата се одржала на маргините на министерскиот состанок посветен на заканите од подемот на политичкиот тероризам што се одржува во Вашингтон.
„На средбата ја потврдивме одличната билатерална соработка меѓу двете земји и се согласивме дека во периодот што следи треба да работиме на целосно искористување на потенцијалите за унапредување на политичкиот дијалог, како и на соработката во областа на економијата, трговијата и инвестициите. Разговаравме и за безбедносната соработка, борбата против тероризмот, радикализацијата, хибридните закани и другите современи безбедносни предизвици“,напиша Муцунски.
Министерот додаде дека со својот израелски колега размениле мислења и за актуелните меѓународни случувања, со посебен осврт на состојбите на Блискиот Исток, како и за досегашната соработка и меѓусебната поддршка во рамки на мултилатералните организации.
Муцунски учествува на министерскиот состанок на покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Марко Рубио.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…