Муцунски- Герапетритис во Њујорк: Почитување на меѓународното јавно право е суштинско

t

На маргините на Генералното собрание на ОН, денеска се сретнав со министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис.

Денешната средба претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значително унапредување на заемните дипломатски односи. Во текот на конструктивната дискусија, посебно внимание посветивме на можностите за развој на трговијата, инфраструктурата и инвестициите во енергија, како клучни области каде постојат реални можности за проширување на соработката.

Почитувањето на меѓународното јавно право е од суштинско значење за обезбедување на иднина заснована на меѓусебно почитување, заеднички просперитет и одржлив мир. Заемната посветеност на овие принципи е основа за успешна реализација на идните взаемно корисни иницијативи и проекти, објави на ФБ министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…