Муцунски го повикал бугарскиот амбасадор во МНР, чека Софија да се извини
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го повикал вчера бугарскиот амбасадор во Македонија, Јеласко Радуков, за да му изрази сериозна загриженост по објавувањето на дипломатската нота околу посетата на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски на Бугарија, со окривање и на лични податоци.
„ Јас да бев, мене да ми се случеше ова, ќе се извинев“, порача Муцунски денес на прес конференција давајќи отчет за двегодишното работење како шеф на дипломатијата. Според него ова е неприфатлив начин на меѓусебно функционирање на две држави, нагласувајќи дека дури и во земји што се во војна вакви работи не им се случуваат.
„Станува збор за движење на членови на семејство на високи странски преставници. Никогаш таков документ не излегол во кавност од кај нас. А, може да се случи, но јас прв би се извинил“, рече Муцунски посочувајќи дека посебен проблем е што беа објавени лични податоци.
Тој притоа соопшти дека го повикал амбасадор Радуков и побарал објаснување како дошло до објавувањето на нотата , но дека досега не добил одговор.
„Го изразивме високиот степен на незадоволство од ваквиот гест“, рече министерот, поентирајќи дека постои цела организирана мрежа особено во онлајн просторот од Бугарија чии активности се поврзани со спорот што ги имаат со Македонија и дека вклучените во неа се повеќе се занимаваат со нивните семејства.
„Сигурно сте читале дека мојот дедо бил бугарски војник. Дедо ми е починат од 1997 година. Нека не напаѓаат слободно тие портали што шират вакви лажни вести, но нека ги остават (на мир) барем нашите семејства“, рече Муцунски.
Тој соопшти дека за настанот информирале голем број преставници на ЕУ, НАТО бидејќи станува збор за невиден преседан и за прекршување на сите меѓународни конвенции за дипломатска заштита и комуникација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ристовски: Кога македонски спортист постигнува успех,…
Големите спортски достигнувања не се само лични…
Жерновски бара Обвинителството да отвори истрага за…
Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит…
(Видео) Армискиот хеликоптер полни вода од Вардар…
Силна воздушна поддршка е ангажирана во гаснењето…
Мицкоски за растот на БДП од 4,3%:…
Во вториот квартал, во второто тромесечие имаме…
ФЗО: За една година поднесени 1.883 барања…
За семејствата кои со години се обидуваат…