Муцунски: Зacтрашувачки е што СДСМ одби Декларација за Гоце Делчев која има цел оддавање почит на знаењето на неговиот лик и дело

t

Гоце Делчев е еден од најголемите борци за суверена и самостојна Македонија. Тоа што го има во Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ е патоказ за оддавање на почит и значењето на Гоце Делчев. За жал проблем е што собраниската комисија за култура, но и министерството за култура не го направиле тоа претходно, но кога нема тесен партиски интерес кај коалицијата СДСМ и ДУИ ништо не функционира, изјави Тимчо Муцунски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром во „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија.

Тој додаде дека секој кој ќе ја прочита таа Декларација ќе види дека укажува на ноторни факти прифатливи за македонската историска наука и понатаму дава патоказ за државните институции за тоа што тие би направиле за да можеме соодветно да преземеме дејства и да го почитуваме ликот и делото на Гоце Делчев.

Тука нема ништо деструктивно. Проблемот тука е што има обид од страна на СДСМ ова прашање да се политизира, а и тие имаа прилика да се приклучат и да дадат забелешки, а тие ја одбија без да се дискутира за содржината и тоа е најмногу застрашувачки, рече Муцунски.

Муцунски нагласи дека со доаѓањето на оваа власт гледаме попусливост во надворешната политика.

– Оваа влада на СДСМ и ДУИ постојано попушта со некое очекување и сведоци сме на една од најголемите политички измами со референдумот и со тоа што кажуваат дека европскиот пат е патот на откажување од идентитет и идентитетските обележја. Европскиот пат е преку реформи, силна економија, самостојна и независна држава која ќе биде почитувана и во меѓународни економски и трговски односи, тоа е европска држава, а не држава која е подготвена да преговара за националните атрибути, потенцираше Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…