Муцунски: Нема услови за уставни измени
Услови за уставни измени нема, рече денеска шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. Муцунски нагласи дека причина за тоа е недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката кон нас како држава.
„Во однос на билатералните односи со Бугарија, сакам да бидам кристално јасен. Во овој контекст нашата држава не е подготвена за уставни измени. Има недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката спрема нас како држава, така што во овој момент услови за уставни измени нема и Владата не е подготвена да преземе каков било чекор кон уставни измени“, рече Муцунски на заедничката прес-конференција.
Муцунски направи паралела меѓу она што го прави Македонија и тоа што го прави Бугарија како земја членка на Советот на Европа.
„Дали ние правиме конкретни работи поврзани со нашата европска перспектива, не сакам да бидам репетитивен бидејќи ова е тема што е многу актуелна во последниот период. Да, правиме. Првото е тоа што го правиме во однос на реформската агенда. Второто е тоа што го правиме во делот на заедничката надворешна и безбедносна политика, но многу повеќе е она што го правиме за имплементација на европските вредности. И на крајот на краиштата, слично со тоа што го кажа и господинот Берсе – за објективната посветеност на нашата држава кон европските вредности, кои некогаш се дури и поширок контекст од примената на заедничката надворешна и безбедносна политика“, рече Муцунски.
Во однос на тоа дека денеска се очекува да биде врачен мандатот за составување влада на Бугарија на Румен Радев, Муцунски рече дека негова цел не е ниту да рецензира резултат од избори ниту да рецензира изјави што доаѓаат од Софија бидејќи, како што рече, би навлегол во туѓиот наратив.
„Она што можам да ви го кажам е дека ние секогаш сме биле подготвени за дијалог и сега сме подготвени за тоа. Недостиг за волја за таков дијалог имаше од страна на соседна Бугарија при постоењето на една претходна политичка влада. Јас се надевам дека има свест во Софија оти европската перспектива за нашата држава е значајна за целиот регион. И да нема таква свест и да не се развие таква свест, тоа не значи дека ние размислуваме за некоја алтернатива, но ние ќе продолжиме на патот на реформите, ќе продолжиме на патот на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика и ќе продолжиме да ги споделуваме овие европски вредности во кои верува огромно мнозинство наши граѓани“, нагласи Муцунски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аирлија амнестија на функционерите: Сиљановска веќе ги…
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова веќе ги…
Жерновски до Муцунски: Изјава како да си…
Поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски…
СДСМ: После свадба тапани е реакцијата на…
После свадба тапани, се реакциите на кабинетот…
Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…
Членовите на Државната комисија за спречување корупција…
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…