Муцунски: Не го прифаќам наративот на жртва, потребно е и ЕУ да направи исчекор за проширувањето

t

Поддршката од одделни земји членки е значајна, но потребен е усогласен пристап од сите држави членки на Европската Унија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Загреб, Хрватска, учествуваше и се обрати на форумот организиран од страна на Интернационалната демократска унија.

Во излагањето на форумот тој посочи дека очекува таквиот пристап да биде заеднички и координиран, наведувајќи ја Хрватска како принципиелен поддржувач на процесот. Тој истакна дека државата презема конкретни чекори и испорачува резултати и на домашен и на меѓународен план и потенцираше дека не го прифаќа наративот на жртва. Тој посочи дека државата во континуитет се соочува со процес на билатерализација, изразувајќи очекување дека со формирањето на бугарската влада ќе се создаде нов импулс за придвижување напред.

Министерот истакна дека во услови на геополитичка нестабилност, време е Европа не само да се разбуди, туку и да направи исчекор во насока на проширување на Унијата. Тој потенцираше дека е потребно помалку да се зборува за историјата, а повеќе за иднината.

Муцунски нагласи дека не е можен индивидуален одговор на големите кризи кои влијаат врз сите, туку дека е неопходен заеднички пристап. Во таа насока, тој ја истакна потребата од диверзификација на енергетските извори, инвестиции во гасни интерконектори и инфраструктура, како и спротивставување на штетните влијанија од трети страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…

Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

ЕУ најавува план за забрана на социјалните…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Фон дер Лајен „згрозена“ од погребот на…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…