Муцунски не разговарал за положување цвеќе пред саркофагот на цар Самоил
Министерот за надворешни работи , Тимчо Муцунски, одбил да им одговори на новинарите во Софија дали ќе положи цвеќе пред саркофагот на цар Самуил во црквата „Софија“ и подвлекол дека „не се дискутира за прашања поврзани со враќањето на посмртните останки на бугарскиот владетел“, објави БГНЕС.
Посмртните останки на цар Самуил беа предадени на 3 октомври оваа година од Грција во Бугарија. Тој ден беа погребани во храмот во главниот град. Кога новинарот на БГНЕС го прашал дали ќе положи цвеќе пред саркофагот, Муцунски двапати повторил: „Ова прашање не се дискутира“.
Според одлуката на Заедничката историска комисија од 21 февруари 2019 година „царот Самуил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја што ја делат современите држави Бугарија и Северна Македонија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…