Муцунски не само што не ги исполнува ветувањата, туку ги одбива и предлозите на Левица за зголемување на енергетската ефикасност
Муцунски не го оствари ветувањето за формирање на енергетски фонд, реагираат од Левица Аеродром.
– Едно од многуте неостварени ветувања на градоначалникот Муцунски е формирање на енергетски фонд до крајот на 2022 година, со цел финансиска поддршка за реконструкција на зградите во општина Аеродром со нови енергетски ефикасни фасади, поставување на лед светилки, фотоволтаични панели и други инвестиции во енергетската ефикасност.
Не само што ништо од ова не е реализирано, ами гласачката машина на ДПНЕ во општината одби да изгласа два амандмани на политичката партија Левица во насока на зголемување на енергетската ефикасност на општината.
Тоа беа амандманите за замена на постоечките волфрамови сијалици, со огромна потрошувачка на елетрична енергија, на уличните светилки со фотоволтаични енергетски ефикасни светилки како и формирање на сопствено општинско јавно претпријатие за производство на електрична енергија.
Муцунски и ДПМНЕ во целата своја ароганција и работење само за свој интерес, наспроти интересите на граѓаните на општина Аеродром, ги одбија предлозите на Левица за намалување на трошоците за електрична енергија на општината и зголемување на енергетската ефикасност.
Наместо тоа беше формирано претпријатие за претурање од шупливо во празно, односно јавно претпријатие за стопанисување со јавно осветлување кое има за цел само да ја заобиколи постоечката законска регулатива и да троши поефтина електрична енергија, без никаква иновативност, при тоа отварајќи простор за нови давачки преку плаќање на членовите на новоформираните управни и надзорни одбори.
Од ветениот енергетски фонд нема ни Е, а истиот, според ветувањата што ги даде Муцунски во својата предизборна програма, требаше да биде профункционира до крајот на 2022 година, велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…
Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…