Муцунски: Ова е мојот прв работен ден, да ја направиме земјата успешна европска приказна

t

Новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски на првиот работен ден на новата функција, отпатува во Луксембург на средба со министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и на Западен Балкан.

„Огромно е задоволството да се биде во Луксембург, ова е мојот прв работен ден. Да се придружиме на министрите на членките на ЕУ заедно со министрите од Западен Балкан. Да потврдиме колку е важен евроинтегративниот процес за стабилноста на Западниот Балкан. Новата влада предводена од Мицкоски ќе биде силно фокусирана на евроинтегративниот процес, и ќе бидеме силно фокусирани на испорачување на реформи, кои ќе значат значаен напредок, владеење на правото, борба против корупција, и да ја направиме земјата успешна европска приказнa“, рече Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…

Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…

Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Американските медиуми: Трамп е многу – многу…

Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…