Муцунски од Киев: Македонија останува на страната на Украина

t

Стоиме со Украина, која е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила, истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски по средбата со неговиот украински колега, Андриј Сибиха, денеска во Киев.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, министерот Муцунски денеска престојува во официјална посета на Украина, во рамките на која се сретнал со неговиот колега, Андриј Сибиха.

Според соопштението, но и како што сподели Муцунски на социјалните мрежи, во фокусот на разговорите со украинскиот министер за надворешни работи биле можностите за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и соработката меѓу двете земји, како на билатерален, така и на мултилатералне план.

Шефот на македонската дипломатија ја потврдил, како што се наведува, цврстата и континуирана поддршка за Украина. Во тој контекст, Муцунски ја нагласил принципиелната позиција на земјава во однос на почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и меѓународното право.

„Стоиме со Украина. Украина е суверена држава. Нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила. А меѓународното право не може да биде прашање на избор кога неговото почитување не ни одговара“, истакнал Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…

Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…

Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…

Во масовно пукање во градот Ири, во…

Москва ја поздрави пораката на Трамп за…

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…

По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…

Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива

Папата Лав XIV повторно се изјасни против…