Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија
Од Министереството за надворешни работи и надворешна трговија потврдија за МИА дека денеска е побарана средба меѓу министерот за надорешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, којашто би се одржала следната недела на маргините на министерскиот состанок посветен на Коридорот 8.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, одговарајќи на новинарско прашање како таа го прифатила неговиот предлог ЕУ да се вклучи во разговорите на Македонија со Бугарија, рече дека го советувала како прв чекор да се побара официјална билатерална средба за време на посетата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Софија, следната недела.
– Па еве, ќе се обидам да бидам конкретен на вашето прашање и ќе излезам од формалниот дипломатски речник. Од претседателката добив совет веќе следната недела нашиот министер за надворешни работи и надворешна трговија е во Софија, причина за тоа е Коридорот 8 и проектите коишто ги движиме во рамките на тој Коридор 8, да побараме од домаќинот средба на билатерална основа. Јас веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара време за средба и состанок со неговата колешка и да почнеме, процесот од некаде да го движиме – рече Мицкоски.
Тој во обраќањето на заедничката прес-конференција нагласи дека со претседателката на ЕК отворено разговарале за предизвиците што ги имаме во односите со нашиот источен сосед. Тој подвлече дека ако од државата се очекуваат одлуки со долгорочни последици, тогаш е оправдано да се очекува и јасна европска перспектива за она што следи. Целта, како што посочи, не е одложување на процесот, туку создавање услови тој конечно да се движи напред на стабилна и одржлива основа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната…
Од Министереството за надворешни работи и надворешна…
Инфлацијата во еврозоната на највисоко ниво во…
Инфлацијата во еврозоната забрза повеќе од очекуваното,…
Поскапеа житото, говедското месо и шеќерот на…
Индексот на цените на храната на Организацијата…
Трамп тргнал во војна советувајќи се со…
Американскиот новинар и политички коментатор Такер Карлсон…
Нетанјаху за инцидентот во „Флајдубаи“: „Кој и…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека секој…