Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински денеска на скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
-Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Денеска во Скопје ја пречекав претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен – објави Муцунски на Фејсбук.
Шефот на дипломатијата нагласи дека посетата е силна потврда за европската ориентација, посветеноста на Владата на реформските процеси, целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и јасната определба за напредок во европската интеграција.
-За нас е важен јасен, кредибилен и предвидлив процес. Пред нас се конструктивни средби, со фокус на натамошниот напредок. Европски вредности, реформи, силни институции и конкурентна економија – за подобар живот на граѓаните, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија.
Фон дер Лајен доаѓа во официјална посета на Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Како што соопшти владината прес-служба, Фон дер Лајен ќе има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по која ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и ЕУ постигнаа трговски договор: Царини…
Со месеци, спорот околу царините меѓу САД…
Ден на одлука: Средба меѓу Урсула фон…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Жерновски до Муцунски: Изјава како да си…
Поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски…
СДСМ: После свадба тапани е реакцијата на…
После свадба тапани, се реакциите на кабинетот…
Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…
Членовите на Државната комисија за спречување корупција…