Му го зафатиле паркингот пред домот во Гостивар па го претепале откако им свирнал за да се паркира

t

Соопштението до медиумите од ОЈО го пренесуваме интегрално: – „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 34-годишен гостиварец и неговиот 64-годишен татко, кои се товарат за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Грубото насилство го извршиле на 01.10.2021 година, кога телесно повредиле едно лице и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Оштетениот, на критичниот ден, пристигнал со автомобил пред сопствената куќа и сакал да се паркира, но паркинг местото било зафатено. Тој започнал да свири за да се тргне паркираното возило, но во тој момент излегол првиот обвинет и започнал вербална расправија на висок тон. Веднаш потоа обвинетиот физички го нападнал оштетениот, удирајќи го во пределот на главата и лицето. Пристигнал и вториот обвинет и го фатил оштетениот за двете раце, по што првиот обвинет продолжил да го удира.

Оштетениот се здобил со телесни повреди – нагмечување на главата и на левата рака, како и крвни подливи на лицето.​​“ – Пишува во соопштението од ОЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Гостиварци нема да ги плаќаат фактурите за…

Со последната одлука на Општинскиот совет, гостиварци…