Му дошол дома да го убие – Истрага за обид за убиство во Мирковци
це за обид за убиство и против уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело. Инцидентот се случил на 10 декември во селото Мирковци, каде осомничениот 37-годишник се обидел да лиши од живот едно лице поради претходна нетрпеливост и нерасчистени должничко-доверителски односи. Осомничениот испукал куршум кон жртвата, но не успеал да го погоди. Основниот кривичен суд Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена.
– На 10 декември, во селото Мирковци, сега осомничениот 37-годишник со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, а мотивот му била претходна меѓусебна нетрпеливост поради нерасчистени должничко – доверителски односи. Тој отишол до домот на оштетениот, каде пред вратата извадил огнено оружје – пиштол и испукал еден куршум кон жртвата, но не успеал да го погоди. Куршумот завршил во ѕидот веднаш до рамката од влезната врата, во висина на градите на оштетениот, кој веднаш кога го забележал пиштолот се повлекол во внатрешноста на куќата и ја затворил влезната врата која автоматски се заклучува. Осомничениот започнал да тропа и удира со нога на затворената влезна врата, па откако не успеал да влезе во куќата, побегнал од местото заедно со лицето кое постои сомнение дека му помагало по сторувањето на кривичното дело да не биде откриен, стои во соопштението од Обвинителството.
Дополнуваат дека јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, предложил за осомничениот сторител на обидот за убиство да биде определена мерка притвор. Со решение, Основниот кривичен суд Скопје ја определил бараната притворска мерка во траење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Саудиска Арабија доби воена помош од Пакистан
По ескалацијата на конфликтот во Јемен, Пакистан…
Би-Би-Си: Можеби доаѓа војна, дали сме психолошки…
Британската влада сака граѓаните да почнат да…
Ова се цените на горивата во Европа,…
Европските влади дискутираат за воведување на данок…
Виктор Стојанов најавува партија на Бугарите во…
Контроверзниот Виктор Стојанов најавува дека преку продажба…
Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…