МФ: Потврда за политиките од „Стандард и Пурс“ – економијата ќе се стабилизира

t

Економскиот раст во земјава на среден рок ќе се стабилизира, значаен имплус ќе даде приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции.

Дополнително влијание врз економските перспективи ќе има и напредокт во ЕУ интергацијата, која ќе придонесе и за зајакнување на структурните и институционалните капацитети. Земјата ќе продолжи со фисклната консолдација, намалување на инфлацијата и заштита на финансиската стабилност, како и со структурните реформи, а долгот ќе се одржува на стабилно ниво.

Ова е нотирано во најновиот извештај на Агенцијата „Стандар и Пурс“ која го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ- со стабилен изглед. Особено е значајно што кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед кој Македонија го има во континуитет од 2013 година е задржан и покрај здравствено-економската криза, како и ценовната и енергетска криза.

Агенцијата нотира дека e значајно да продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики, што може да придонесе и за зголемување на рејтингот. . Кризата во 2023 година ќе има се уште влијание, но сепак буџетскиот дефицит очекува да биде понизок во однос на 2022 година на ниво од 4,4 %, кое е пониско од владините проекции (4,6 %). Донесениот Закон за буџети, сметаат од Агенцијата, ќе помогне во забрзување на фискалната консолидација. Владата е насочена кон намалување на трошоците, а даночната реформа се очекува да ги зајакне приходите. Државниот долг на среден рок се очекува да се стабилизира.

Во извештајот се посочува дека Владата е посветена на одржување на атрактивноста на земјата за странски директни инвестиции.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Претходно Македонија и политиките на Владата добија потврда од Агенцијата „Фич“ која го ревидираше изгледот на кредитниот рејтинг на земјава од негативен во стабилен, соопштуваат од Министерството за финансии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…