М-НАВ доби нови директори

t

Надзорниот одбор ги именуваше Хекуран Асани и Милан Кораќ на местата на Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски. Следната недела тие треба да бидат впишани во Централниот регистер со што и официјално ќе ја преземат функцијата. Третиот директор во државната компанија, Хасим Деари, како што е познато ја задржа својата функција.

Разрешувањето на Хамиди и Стаменковски беше еден од условите на Синдикатот за да не стапи во штрајк. Одлуката за смена на раководството доаѓа по насоките на владата по инцидентот од 4-ти јануари кога група насилници влегоа во зградата на контрола на летање и физички се пресметаа со дел од вработените.

За инцидентот на 4-ти јануари во М-НАВ, скопското обвинителство отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело-загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека насилството во М-НАВ докажува дека СДС и ДУИ ниту расчистиле ниту ќе расчистат со бандитизмот. Посочуваат дека чуварската фирма којашто им отвори порти и врати од автомобилите на тепачите врз контролори за летање, во контролна кула додека десетици авиони имале прелети, во истиот период, од истите директори, добиле нов годишен договор.

За упадот во М-НАВ домашен притвор беше одреден за четири лица, меѓу кои и Беким Незири советник во М-НАВ и функционер на ДУИ.Трисест дневен притвор му одреди Кривичниот суд и на Лабинот Керими, 5-тиот од вкупно 8 осомничени. По останатите тројца се уште се трага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мнав кривично го гони Управниот одбор –…

Македонска навигација го „бомбардира“ Обвинителството за гонење…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…