Навали народе: Во прилепската чаршија денеска почнува првиот „Prilep OUTLET Weekend“

t

Во Прилеп денеска и утре се одржува првиот „OUTLET Weekend“. Над 200 трговци од Прилепската чаршија се вклучија во овој настан кој е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на чаршијата, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм.

Овој прв „OUTLET Weekend“ е во организација на општина Прилеп и на Прилепската чаршија.

Како што објаснуваат од локалната самоуправа, трговците на своите дуќани ќе имаат налепница со заштитен знак на настанот за купувачите да знаат каде да пазарат. Голем е интересот за купување од купувачите од целиот регион на Битола, Крушево, Долнени Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци и пошироко во Македонија.

-На првиот „Prilep OUTLET Weekend“ на купувачите им се нуди шопинг забава и евтино купување на брендови. Попустите, велат прилепските трговци, ќе бидат до 70 насто. Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани, да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм, објаснуваат од прилепската локална самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Четворица медицински техничари осомничени за убиство на…

Суд во Загреб одреди едномесечен притвор за…

Инфлацијата во октомври 3,3 проценти на годишно…

Најновите податоци на Државниот завод за статистика…

22-годишник од Дебарско пријавен за вонбрачен живот…

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22)…

Експлозија во стан во Аеродром!

На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…