Навивачите на Интер уште отсега направија план како да го пречекаат Лукаку!
Рома на 29. октомври му гостува на Интер, а фановите на нероазурите веќе смислија каков пречек ќе му направат.
Интер преговараше со Челси за целосно да го откупи Лукаку, но тогаш дозна дека тој водел тајни преговори со Јувентус. Тоа беше голем удар за навивачите, неочекувано предавство од напаѓачот кој веќе еднаш им се имаше извинувано.
Предавството на Лукаку ги вознемири не само навивачите, туку и фудбалерите и раководството на Интер. Ќе биде интересно да се види неговото прво појавување таму како противнички фудбалер.
Ако се биде според планот, Лукаку против Интер во Милано треба да игра на 29. ноември, а ултрас фановите веќе смислија како ќе го пречекаат.
Пред мечот со Рома, тие ќе поделат 50.000 сврирчиња на навивачите на Интер кои ќе бидат на натпреварот. При секој допир со топката на Лукаку, треба да му свират и да му го направат мечот пеколен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…