Навивачите на Левски ќе го палат македонското знаме на Арената во Скопје!?
Како се приближува одигрувањето на утрешниот квалификациски меч од Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски така се вжештува атмосферата во јавноста во двете соседни држави, меѓу кои во последно време владее антагонизам поради сѐ поизразените претензии од бугарска страна кон Македонија.
Средбата ќе се одигра на „Тодор Проески“ во Скопје, каде што се очекува да има најмалку 1.000 навивачи на гостинскиот тим и тоа од кругот на најагресивните и највоинтвените, кои веќе почнаа да се закануваат преку социјалните мрежи. Најголем впечаток остави најавата за палење на македонско и албанско знаме на трибините на скопската арена, што дефинитивно може да предизвика (по)голем инцидент не само помеѓу двете групи туку и со полицијата.

Според правилата на УЕФА, екипата на Левски доби 1.600 билети за своите навивачи, кои се очекуваат да бидат распродадени до последен. Бугарите истовремено испратија жалба до европската Куќа на фудбалот за големата разлика во цената на билетите за домашните и гостински фанови. За навивачите на Шкупи влезот изнесува 150 и 200 денари, додека за Бугарите 1.200 денари, што предизвика револт кај управата на Левски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…